Тетовец ноќеска двапати бил приведен во полиција

Од:

Триесетгодишник од Тетово ноќеска двапати бил приведуван во полиција. Откако еднаш бил приведен поради прекршување на полицискиот час, подоцна, по ослободувањето, после полноќ на излегување од полициската станица почнал да навредува и агресивно да се однесува кон други полицајци на улицата „Цветан Димов“.

– Десетина минути по полноќ, на ул.„Цветан Димов“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Љ.А.(30) од Тетово, кој претходно бил лишен за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, поради тоа што ги навредувал и агресивно се однесувал кон полициските службеници кои вршеле службени дејства. По целосното расчистување и документирање на случајот, против него ќе бидат изготвени соодветни поднесоци, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Инаку, во текот на изминатото деноноќие евидентирано е дека на тетовското подрачје вкупно 10 лицa не ја почитувалe забраната за движење, па се лишени од слобода и ќе следуваат соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ (член 206 од Кривичниот законик).

Во овој период контролирани се 118 лица со решeнија и 40 лица со потпишани изјави за самоизолација, додека 20 лица биле писмено предупредени за неносење заштни маски, соопшти Јосифоски.

Според статистичките податоци на СВР Тетово, решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат им се изготвени на 16 лица, а во изминатото деноноќие изјави за самоизолација потпишале четири лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

Ја принудувал сопругата на сексуални односи, ги тепал и неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец

Бомба фрлена кон куќа во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Еден повреден и петмина приведени по тепачка на семејна веселба во село во Центар Жупа

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица