Тетовец киднапирал и силувал 14-годишно девојче, и се заканувал дека ќе ја убие ако каже

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово почна постапка против 19-годишен тетовец кој е осомничен дека силувал малолетничка. Одреден му е 30-дневен притвор.

– Осомничениот 19-годишник, на 12. април, во близина на маркет кај старите згради на Државниот универзитет во Тетово, со употреба на сила и закана, извршил полов напад врз 14-годишно девојче. Тој, заедно со уште едно непознато лице, ја пречекале жртвата во една уличка додека одела кон маркетот. Осомничениот, инаку нејзин сосед, ја повлекол за раката кон паркирано возило во близина. Другото лице го отклучило автомобилот, по што осомничениот ја удрил оштетената по лицето и ја натерал да влезе внатре на задното седиште. Со возилото управувало непознатото лице, кое ги заклучило вратите и ги одвело 200 метри подалеку, по што го паркирало возилото и излегло. На задното седиште останале осомничениот и оштетената, а тој со употреба на сила го принудил девојчето на полови дејствија. Потоа му се јавил на непознатото лице и заедно со автомобилот ја вратиле жртвата од местото каде што ја зеле. Осомничениот и се заканил дека ќе ја убие доколку каже некому за настанот се наведува во соопштението од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Со ловечка пушка се заканувал во адвокатска канцеларија во Кичево

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана, се проверува поврзаноста со откриената дрога во Србија

Обвинителство оформи предмет по допрен глас за заканите кон новинарот Александар Видиновски

Велешанка ги оставила петте малолетни деца и заминала за Скопје

10-годишно девојче повредено од заталкан куршум во Глумово

Четворица од неготинско силувале 13-годишно девојче

Катерина Ѓуровски