Тетовец силувал малолетнички кои преку интернет ги намамил во својот дом

Од:

Засега непознат сторител од тетовското село Мала Речица преку програмата „Азар“ успеал да намами две малолетнички да дојдат во неговиот дом каде насилно ги соблекол и имал полови дејствија со нив, информираат од МВР.

Според податоците, синоќа по полноќ во просториите на теотвската полиција, малолетничка од Тетово во присуство на нејзината мајка и во придружба на стручни лица, пријавила дека на 18-ти месецов околу 15:00 часот заедно со нејзината другарка, исто така малолетна, разговарале со непознато машко лице преку програмата „Азар“.

Притоа непознатото лице ги повикало да одат кај него дома, по што истите со такси возило отишле на договореното место односно во наслебата Мала Речица каде се сретнале со лицето и се упатиле пеш до главниот пат за село Речица. За кратко време стигнале во неговата куќа, влегле во една од собите на катот каде непознатото лице по кусо време ја соблекло едната малолетничка и имал одредени полови дејствија кон неа, спротивно на нејзината волја, а подоцна го повторил истото и со другата малолетничка.

Околу 18:00 часот истиот ден ги однел на кафе во кафетерија во близина на неговата куќа, по што повторно се вратиле во неговата куќа од каде што, искористувајќи згодна прилика, двете малолетнички побегнале и од неговиот мобилен телефон повикале такси возило со кое заминале во своите домови.

Тетовската полиција презема мерки за пронаоѓање на пријавеното лице и работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

ВИДЕО: Како работела лихварската банда – наплаќале огромни камати, одземале имот и живееле луксузно

Катерина Ѓуровски