Тетовчанка е измамена за речиси 2.000 евра од државјанин на Косово

Од:

Вчера во СВР Тетово, 53- годишна жена од село Желино пријавила дека била измамена од Ј.К. од Косово кој преку социјална мрежа нудел помош за изградба на домови за лица што немале дом.

„Пријавителката стапил во контакт со лицето, и истиот и дал ветување дека ќе и изгради куќа, но најпрвин треба да му даде 1.850 евра, додека другите трошоци за изградба рекол дека ќе бидат покриени од негова страна.

Откако кои му ги дала парите во текот на март годинава, пријавениот наводно порачувајќи градежни материјали и рекол дека градбата ќе ја почне на 15.4.2025 година. Но наместо на тој датум пријавителката последен пат успеала да стапи во контакт со Ј.К на 17.4.2025 година, при што тој агресивно се однесувал и се заканувал упатувајќи недолични зборови и потоа ја блокира да не може да го побара на телефон“, извести полицијата.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Би можело да ве интересира

38-годишен охриѓанец измами граѓани од Виница и Штип за над 3,5 милиони денари

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

Гостиварец остана без 89.000 денари – го измамија дека доби пакет од Пошта

А1он

Нова измама: Лажен лекар од жена зема 12.400 евра

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар