Тетовчанец ранет по расправија со двајца жители на Лавце

Од:

Тетовчанец на возраст од 40 години е ранет со огнено оружје по расправија со двајца жители на Лавце. Инцидентот се случил вчера околу 18:00 часот на улицата Љуботенска во Тетово.

– Во СВР Тетово, Р.М.(38) од Тетово пријавила дека на улица Љуботенска во Тетово, со патничко возило „мерцедес“, со непознати регистарски ознаки дошле Н.Б.(31) и А.Б.(38), двајцата од село Лавце, и по куса расправија со нејзиниот сопруг Ш.М.(40) од Тетово, испукале неколку куршуми кон него, по што го напуштиле местото. Ш.М. бил пренесен во Клиничка болница Тетово, каде што му била констатирана тешка телесна повреда, соопшти денес СВР Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, при што се пронајдени и подигнати три чаури и еден проектил од автоматска пушка.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари