А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Маја Илиевска-Пачемска
Македонија

Тестовите за коронавирус  во „Жан Митрев“ се плаќаат, Филипче ќе предложи Фондот да ги покрива

by Маја Илиевска-Пачемска25/03/2020 - 17:4225/03/2020 - 18:571501
Share0

Пациентите кои тестирање за коронавирус закажуваат на Клиниката „Жан Митрев“ тестот го плаќаат, рече денес министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање. На почетокот на минатата недела тој извести дека ги обединиле капацитетите за тестирање со Клиниката „Жан Митрев“ поради зголемената потреба за тестирање.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Тестовите се уште се плаќаат. Денес ќе заврши анализата, проверката, состаноците со сите лаборатории кои покажаа интерес и кои кажаа дека ги исполнуваат условите. Кога ќе заврши увидот од нашата лабораторија, ќе се достави соодветен предлог до Фондот, со цел да се зголеми капацитетот на тестирање“, рече министерот Филипче.

Тестирањата сега се вршат во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, а министерот минатата недела извести дека и лабораторијата на Ветеринарниот институт ги исполнувала условите и имала соодветна опрема за тестирањата за коронавирус.

Пред одлуката да се обединат лабораториите, пациентите кај кои во „Жан Митрев“ беше потврден коронавирусот, задолжително се тестираа и во лабораторијата на Институтот за јавно здравје

Следете a1on на Youtube YouTube

Покрај Клиниката „Жан Митрев“ за тестирањата министерот вели дека добиле понуди од уште неколку приватници и најави дека Фондот ќе склучи договори со сите кои ги исполнуваат условите.

За тестирањето за коронавирус во „Жан Митрев“ тестираните пациенти велат дека платиле по 1500 денари.

Министерот Филипче најави дека Фондот за здравство ќе склучи договори и со болници кои имаат легла за интензивна нега, а ќе се користат само во случај ако државните капацитети се пополнат.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео