Тестирања за коронавирус во Велес се правеле според списоци кои се доставувале до пунктовите, спротивно на протоколите

Од:

Тестирања за коронавирус во Велес се правеле според списоци кои биле доставувани до вработените на пунктовите каде се земале брисеви, а спротивно на протоколот за работа. Недоследноста во постапувањето ја евидентирал Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој утврдил прекршувања од страна на Центарот за јавно здравје-Велес. Директорката на ДСЗИ, Ирина Бухова соопшти дека при земање на брисеви за коронавирус, не биле правени ниту епидемиолошки анкети кои треба да ги покажат контактите на лицето кое е суспектно или позитивно.

„На ден 21.04, ДСЗИ, во соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје-Скопје изврши вонреден инспекциски надзори во Центарот за јавно здравје-Велес, каде се констатирани низа на неправилности. Констатирано е дека сите брисеви за евентуално сомнителни за Ковид-19 се правени без епидемиолошка анкета. Второ кое е констатирано е дека евиденцијата која се води е како скрининг, а некогаш и само како список врз основа на кој треба да работат луѓето кои работат на пунктот за земање брисеви“, соопшти Бухова.

Инспекторите од ДСЗИ утврдиле и дека директорот на ЦЈЗ-Велес имал блиски контакти со персоналот без држење на дистанца, но и дека ослободувал од работа здравствени работници, без да се почитуваат уредбите од Владата кои наложуваат дека тие мораат да бидат на целосно располагање на државата за време на пандемијата.

„Констатирани се низа пропусти како неносење на лична здравствена опрема од одговорното лице и чести блиски контакти на персоналот без држење на препорачана дистанца, ослободување од работа на здравствени работници без никаков основ, непочитување на алгоритмите за земање на материјали за молекуларна дијагностика, односно непостоење на епидемиолошка анкета за проценка на ризик, освен во случајот со веќе познатиот маркет „Кит-го“ каде на инсистирање ДСЗИ, Центарот за јавно здравје ги направи анкетите на вработените, со што се утврди дека 15 вработени се ставени под здравствен надзор, а маркетот ја продолжи својата работа со останатите вработени за кои одговорно тврдам, по спроведената анкета, дека не претставуваат ризик за потрошувачите, ниту за функционирање на маркетот“, рече Сотирова-Бухова.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски