Тестираните 68 ученици од „Зеф Љуш Марку“ се негативни, скрининг се спроведува и во училиштето „Панче Караѓозов“

Од:

Шеесет и осум ученици од предвидените 69 ученици од средното училише „Зеф Љуш Марку“ во Скопје се негативни на Ковид-19, покажаа резултатите од скринингот кој денеска се спроведе во тоа училиште. Скрининг денеска се спроведе и во Средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“.

– Денеска во средното училише „Зеф Љуш Марку“ почна скринингот за Ковид-19 каде беа опфатени 68 ученици од предвидените 69 ученици. Имавме потпишана согласност од родителите и со тоа бевме во можност и дадовме согласност да се тестираат нашите ученици. Иницијативата за скринингот за Ковид-19 е добра и за нас и за нашите ученици, за да бидеме сигурни дека тие се негативни за нашата безбедност. За сите тестирани ученици резултатите ни ги кажаа здравствените работници кои беа дојдени во нашето училиште, сите беа негативни и не израдува веста дека сите се негативни. Во секое училиште се почитуваат протоколите од Министерството за здравство во соработка со Министерсвото за образование и наука, изјави Ајше Беќировска, специјален едукатор и рехабилитатор во средното училиште „Зеф Љуш Марку“.

На прашање дали имало родители кои одбиле да дадат согласност нивните деца да бидат тестирани таа рече дека од МОН им предложиле три листи по 69 ученици.

– Од првата листа не земавме согласност од родителите, па потоа од втората или од третата листа ги надокнадивме бројките на ученици. Имаше некои што не се согласуваа и ги почитуваме нивните мислења, но повеќе додадоа согласност и учениците се тестирани и имаат негативен резултат, додаде Беќировска.

Медицинскиот техничар Денис Јанкуловски од Центарот за јавно здравје-Скопје во изјава пред Медицинското училиште „Панче Караѓозов“ рече дека тоа е второ училиште каде се спроведува скринингот.

– Во првото училиште „Зеф Љуш Марку“ одлично поминавме во однос на организациски аспект, во однос на соработка со децата и одговорните таму и сме презадоволни и се надеваме дека и тука ќе биде така и сите наредните денови на овој начин ќе се одвива. Тоа се брзи скрининг тестови кои се слични тестови до некаде како и тие што земаме брисеви и за коронавирусот. Резултатите се добиваат во рок од три до четири минути. Не треба да се грижат родителите, да не се мислат, бидејќи тоа се истите брисеви со кои ги носат децата за откривање бактерија на Микробиологија кога ги носат, истите брисеви кои се користат за санитарни прегледи. Така што не е ништо болно. Веќе две години земаме брисеви ниту настанала повреда, ниту рана, значи се тоа е внимателно направено. Во училишето „Зеф Љуш Марку“ немаше позитивен резултат. Нашата екипа е само во овие две училишта, додаде Јанкуловски.

Освен во овие две училишта, скрининг на учениците ќе се спроведе во уште седум средни училишта во Скопје. Во текот на денешниот ден ќе се тестираат 258 средношколци, а низ државата тестирањето продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска