Тешко повредено лице откако возило „рено клио“ излетало од патот Чашка – Велес

Од:

На патот Чашка – Велес, по железничкиот премин во населба Превалец, вчера во 15:45 часот било пријавено дека патничко возило „рено клио“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(74) од Велес, излетало надвор од коловозот.

Во незгодата, информираа денеска од МВР, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес, каде што бил пренесен за укажување лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари