Тешко повредено едно лице откако со возило удрило во паркиран автомобил во Неготино

Од:

Со тешки повреди се здобило едно лице, откако возило удрило во паркиран автомобил во Неготино, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

-Вчера во 15.30 часот во Полициската станица – Неготино, пријавено било дека на улицата „Маршал Тито“, возило „фолксваген голф“ суправувано од С.П.(49) од Неготино, удрило во паркирано возило „фолксваген поло“ сопственост на Љ.Т.(55) од Неготино, појаснија од СВР – Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.П., а неговите сопатници А.П.(43) од Охрид и З.А.(48) од Неготино се здобиле со телесни повреди, констатирани во неготинската болница.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од Полициската станица – Неготино.

Би можело да ве интересира

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина возач на патот Гостивар – Кичево