Тешко повредено двегодишно девојче во сообраќајка

Од:

Двегодишно девојче се здоби со тешки телесни повреди, а уште две возрасни лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа вчера, околу 15 часот, на локалниот пат Фалише-Стримница, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Во сообраќајката учествувале две патнички возила „киа пиканто“ со тетовски регистарски таблички управувана од А.А. (33) од Стримница и „голф“ со тетовски регистарски таблички управуван од А.К. (19).

Двегодишното девојче кое било сопатник во „киата“ било потешко повредено и по укажаната помош задржано е на лекување во тетовската клиничка болница заедно со А.А. која имала полесни телесни повреди додека по укажаната лекарска помош А.К. бил пуштен на домашно лекување.

– По овластување на јавен обвинител увид на местото од несреќата извршила екипа на СВР Тетово и се работи на откривање на причините за сообраќајката додека материјалната штета се проценува на околу 50 илјади денари – рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа