Тешко повредениот во тепачката пред НУБ „Св.Климент Охридски“ во стабилна состојба

Од:

Тешко повредениот триесетгодишник од село Битуше, гостиварско кој синоќа беше прободен со нож пред НУБ „Св.Климент Охридски“ во Скопје, по што побегнал и во безсознание паднал кај Музејот на македонската борба, а потоа бил пренесен во Клиниката по хирушки болести „Св.Наум Охридски“, е во стабилна состојба и се наоѓа на Одделот за интензивно лекување.

Ова денеска за МИА го изјави директорката на Клиниката, Јасмина Чабуковска која рече дека повредениот синоќа бил во животно загрозувачка состојба и итно бил опериран.

– Со искрварување со повреда на крвни садови во градниот кош повредениот итно е однесен во хирушка сала, интервенирано е. Моментално е во стабилна состојба на Одделот за интензивно лекување, додаде Чабуковска.

Триесетгодишникот заедно со уште три лица од Делчево и Пехчево синоќа биле нападнати од група од 15 до 20 млади лица, при што едно од нив со нож му нанело повреда во пределот на грбот.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски