Тешко повредениот велешанец префрлен на Скопските клиники

Од:

Тешко повредениот велешанец Бојан Кимов, кој денеска околу 10:20 часот падна од трети кат на зграда во Велес по укажаната прва помош поради тешките повреди е префрлен на понатамошно лекување во Скопскиот клинички центар.

Како што информира за МИА, д-р Ниметула Лимани тешко повредениот 30-годишен маж кај нив бил донесен со многу повреди по целото тело и скршеници по сите коски, на главата.

– Кај повредениот констатиравме повеќе повреди. Веднаш го саниравме тоа што беше најитно, односно направена е тампонажа на носот кој обилно крвареше, а повредите на телото се имобилизирани, односно на левата подлактица и на десното колено и преврзани се сите рани по телото. Поради сериозноста на повредите со возило на Брза помош е пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде итно му е направено снимање со томографија за точно да се утврдат сите повреди на настраданиот, рече д-р Лимани.

Инаку, како што не информира д-р Лимани повредениот бил свесен и им кажал дека самиот се фрлил од третиот кат во зградата.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва