Тешко повредени велосипедист и пешак во Скопје

Од:

Велосипедист и пешак се тешко повредени, а пет лица се здобиле со полесни повреди во шест од десет регистрирани сообраќајки вчера на подрачјето на Скопје. Кај четири сообраќајки е евидентирана само материјална штета, информираат од СВР Скопје.

Сообраќајната полиција санкционирала 17 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца поминале на црвено светло на семафорите, 15 возачи со помината важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, 11 не користеле сигурносниот појас или зборувале на мобилен, како и за 43 непрописно паркирани возила.

Санкционирани се и пет пешаци кои сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 50 непрописно паркирани возила.

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе одржи сообраќајна за возачи, кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење на возилата.

Во рамки на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот” Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници за ученици од второ одделение во ООУ „Партенија Зографски“ во општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ