Тешко повредени двајца работници на автопатот Кичево – Охрид

Од:

И.М. (41) од село Митрашинци, Беровско, и М.С. (61) од Делчево, двајцата работници во градежното претпријатие „Гранит“, се тешко повредени при скокање од дигалка што ја управувале.

Според МВР, И.М. и М.С. работеле на автопатот Кичево – Охрид, во атарот на село Пополжани. Во еден момент, при кревање кран, дигалката изгубила рамнотежа и се превртела поради што тие скокнале од работната кабина при што здобиле скршеници на рацете и нозете.

Поради сериозноста на повредите, по укажаната лекарска помош работниците се префрлени во Болницата Св. Еразмо.

Увид на местото изврши екипа од Полициска станица Кичево.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата