Тешко повредена жена во сообраќајка на локален пат кај Куманово

Од:

Вчера попладне околу 14 часот на локален пат Куманово-село Речица, патничко моторно возило „хјундаи“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 58-годишната С.С. од село Речица, излетало надвор од коловозот, извести МВР.

С.С. и нејзината сопатничка, 34-годишната М.И. од Куманово, биле пренесени во Општа болница Куманово, каде од лекар на С.С. и била констатирана тешка телесна повреда, а на сопатничката М.И. и била констатирана телесна повреда, додаде МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он