Тешко повредена кавадарчанка откако автомобил удрил во неа

Од:

Со тешки телесни повреди се здобила вечерва кавадарчанка, родена 1959 година, откако автомобил удрил во неа во новиот центар на Кавадарци, во близина на новоизградената црква „Света Петка”.

Началникот на кавадаречката служба за итна медицинска помош Антоан Паракеов информира дека брзата помош интервенирала на лице место.

– Во тешка здравствена состојба, жената е однесена на хируршкото одделение во општата болница во Кавадарци, вели Паракеов.

Началникот на хируршкото одделение Дано Кулев вели дека поради сериозноста на повредите, жената во придружба на анестезиолог и медицинска сестра е препратена на лекување во Скопје.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак