Тешко повреден возач во сообраќајка на штипската обиколница

Од:

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на мини обиколницата близу Штип, кај новиот мост на реката Брегалница, во која тешко е повреден еден маж.

Командирот на смена во Територијалната противпожарна единица, Тони Ѓорѓиев изјави дека несреќата се случила во 20.45 часот и биле повикани од полицијата да интервенираат во извлекување на повредениот возач. На терен излегле четворица пожарникари со едно возило.

Повредениот со возило на Брзата помош е пренесен во Клиничка болница Штип.

Според првичните информации, во несреќата учествувале две возила, а истражните органи треба да утврдат кои се причините за директниот судар меѓу нив. Во тек е увидот на местото на несреќата од истражните органи.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он