Тешко повреден возач на мотор во сообраќајка во близина на Куманово

Од:

Возач на мотор е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случи вчера во 17.20 часот во Кумановско, соопшти денеска полицијата.

34 годишен турски државјанин, кој управувал мотоцикл „јамаха“, исклучувајќи се од автопатот ГП Табановце-Скопје, со намера да се приклучи на магистралниот пат Крива Паланка-Кумановово, кон Крива Паланка, изгубил контрола, преминал на левата сообраќајна лента и удрил во патничко моторно возило „таврија“ кое го управувал 58 годишниот кумановец кој се движел од Крива Паланка кон Куманово.

Турскиот државјанин се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош во кумановската болница префрлен е во Ургентен центар во Скопје.

Кумановецот и неговата сопатничка од автомобилот се здобиле со повреди.

Би можело да ве интересира

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Голема несреќа во Сеул: Автобус удри пешаци, 13 лица се повредени, двајца се тешка здравствена состојба

Горан Наумовски

МВР: 18-годишник кој е во бегство ја прегази жената во скопската населба Капиштец