Тешко повреден работник во „Саса“

Од:

Синоќа во 20.00 часот, телефонски во ПО М.Каменица се јавил вработен како одговорно лице за заштита при работа (ХТЗ) во Рудник Саса и пријавил дека околу 16,30 часот, во рудник „Саса“, во јама (хоризонт 910), при вршење на работи на фирмата подизведувач „Thyssen schatbau“ од Р.Германија, дошло до повредување на Ш.Ш.(1971) од Квиршит – Р.Германија.

Истиот со болничко возило на рудник „Саса“ е донесен до брза помош во М.Каменица, а потоа пренесен до МЦ-Штип, каде му биле констатирани повреди на градниот кош (скршено ребро).

Од нивна страна бил запознаен главниот рударски инспектор на Р.Македонија, кој кажал дека увид на лице место нема да биде вршен.

За настанот биле известени ЈО, НК за КР-Делчево и Трудов инспектор.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата