Тешко повреден по расправија во угостителски објект

Од:

А.П. (62) е тешко повреден од З.П. доцна синоќа по расправија во скопски угостителски објект.

Како што соопшти МВР, расправијата почнала околу 00.00 часот додека двете лица се уште биле во објектот. Набргу потоа излегле надвор и продолжиле да се расправаат. Во еден момент З.П. му удрил тупаница на А.П. во пределот на носот. Откако А.П. паднал на земја, З.П. со камен неколку пати го удрил по глава, по што го напуштил местото на настанот.

А.П. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски