Тешко повреден моторџија во Охрид

Од:

Едно лице се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа што  попладнево  се случи во Охрид, на пресекот помеѓу ул. „7-ми Ноември“ и „Егејска“ во близина на фабриката „Братство, јави порталот „Охридњуз“.

Како што информираат од СВР Охрид, до незгодата дошло кога моторцикл марка „Априлја“ кој се движел на улицата „7-ми Ноември“ во правец на центарот се судрил со товарно возило марка „Татра“ кое од улицата „Егејска“ се приклучувало на „7-ми Ноември“

Притоа со тешки телесни повреди во пределот на главата и градниот кош се здобил возачот на моторциклот (22). Тој итно бил пренесен во охридската општа болница, од каде поради сериозноста на повредите е префрлен на лекување во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо.

На местото на несреќата извршен е увид од страна на полицијата и истражен судија, а истрагата треба да ги утврди причините поради кои дошло до тешката сообраќајна несреќа.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он