Тешко повреден мотоциклист од Арачиново

Од:

Вчера во 18.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата „Лазар Трповски“ со улицата „Методија Митевски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“, управувано од 39-годишниот Б.М. од Скопје и мотоцикл „априлиа“, управуван од 28-годишниот Р.Ј. од село Арачиново, скопско, двете со скопски регистарски ознаки, извести МВР.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, додаваат од МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. За време на увидот присуствувал и заменик заповедник од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, поради тоа што Р.Ј. бил лице на издржување казна затвор.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски