Тешко повреден маж од Кочани во сообраќајка

Од:

Вчера во 07.50 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Кочани, кај село Истибања, виничко, патничко моторно возило „ауди“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот С.А. од Кочани, излетало од коловозот и удрило во паркирано патничко моторно возило „мазда“ со винички регистарски ознаки, извести МВР.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Кочани, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

Би можело да ве интересира

Пет лица повредени во судир на три возила на скопската обиколница

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он