Скопската полиција извести дека вчера во 23.58 часот е пријавено дека во градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со тешки телесни повреди бил донесен И.Е.(56) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи за „Комунална хигиена Скопје“ во скопското село Долно Лисиче.
Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.