Тешко повреден 21-годишник од Скопје во сообраќајка

Од:

Вчера попладне во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Маркова Сушица, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од 23-годишниот Д.Д. од Скопје и автобус „ман“, управуван од 25-годишниот Е.Д.(25) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки, извести МВР.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото М.К.(21) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот Д.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, додаде МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски