Тешки кражби во куќи во Битола и во Прилеп

Од:

Во Битола и во Прилеп изминатиот викенд биле извршени две тешки кражби, при што биле одземени девизи, денари, златен накит и техничка стока.

Шеесет и двегодишниот битолчанец М.Б. вчера во 15:00 часот пријавил во СВР Битола дека на 15/16.10.2016 година, во точно неутврдено време, во куќата сопственост на В.Б. (64), која моментално се наоѓа во Австрија, непознат сторител извршил тешка кражба.

Сторителот, како што соопшти МВР, насилно отворил еден од прозорците, влегол внатре, и по извршено пребарување, одзел телевизор, лап-топ компјутер, златен накит и 9.500 евра, а потоа го напуштил местото на настанот. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Непознат сторител ноќеска во периодот од 19:30 до 00:40 часот, на бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп извршил тешка кражба во куќата на Б.И. (74). Крадецот одзел 320 евра, 6.000 денари, пиштол марка „ЦЗ“ калибар 7.65 мм и златен накит.

Како што соопшти полицијата, непознатиот сторител насилно ја отворил влезната врата од куќата, извршил пребарување по собите, и откако ги одзел наведените предмети, побегнал во непознат правец. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Прилеп.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка