Тешка сообраќајна несреќа во Украина, 14 загинати

Од:

Четиринаесет лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во западна Украина. Висок регионален функционер изјави дека камион удрил во минибусот.

Загинаa 12 патници и двајцаta возачи, а една жена преживеала со тешки повреди. Меѓу загинатите патници има и шестгодишно дете. Поради несреќата е поведена кривична постапка.

Несреќата се случила вчера околу 15 часот и 45 минути по локално време недалеку од селото Верхив во Ривањската област, објави шефот на регионалната воена управа Олександр Ковал.

На фотографиите објавени од Министерството за вонредни состојби се гледаат остатоци од возило во нива.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја спомена несреќата во своето редовно вечерно обраќање. Тој изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Би можело да ве интересира

Туск: Полска ќе има клучна улога во европската делегација за преговорите за Украина

Азаров: Трамп има овластувања да се пресмета со Зеленски

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

Полска ѝ рече „не“ на Украина

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година