Тешка сообраќајка кај селото Оризари, еден загинат

Од:

Едно лице загина, а осум деца се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во близина на кочанското село Оризари.

Според Зоран Зафиров, портпарол на СВР-Штип,  до несреќата дошло откако трактор со кој се превезувале 16 лица, повеќето малолетници кои биле на излет, се превртел во близина на местото Илин дол на патот меѓу кочанските села Пресека и Оризари. Несреќата се случила околу 19 часот и 30 минути. Возачот на тркаторот загинал на самото место, а осум малолетни лица се тешко повредени и се транспортираат кон Клиничкиот центар во Скопје.

Во тек е истрагата на местото на настанот. Според првичните информации, децата кои се превезувале во приколката на тракторот се од кочанското село Грдовци. Општата болница во Кочани и Итнатата медицинска помош на кочанскиот Здравствени дом ги користат сите возила за транспорт на поврдените патници од местото на несреќата  до болницата и до Клиничкиот центар во Скопје

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он