Тешка сообраќајна несреќа на патот за Дебар – скопјанец загина, тројца се повредени

Од:

Возач на патнички автомобил го загуби животот во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, додека три лица, кои биле сопатници во возилото со тешки повреди се пренесени на скопските клиники.

Според информациите од СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила околу 16 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар.

Во близина на Ростушки мост се судриле патничко моторно возило „Хјундаи Акцент“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал А. Ѓ. (68) од Скопје и товарно возило со српски ознаки, што го управувал Љ. Д. (52) од Панчево, Србија.

Од првичните информации на полицијата, во несреќата, возачот на патничкото возило починал на самото место, а тројца сопатници на возраст од 26, 30 и 34 години, пренесени се во Скопје за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид вршат Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка кај Шабац загина братот на српскиот пејач Дарко Лазиќ

А1он

„На волан“ загина 60 годишник кај Белград – му се слоши, па удри во насип

А1он

Мајка (45) и ќерка (25) загинаа кај Шабац – несреќата предизвикана поради престигнување

А1он

Прегазен пешак во Дебар

А1он

Почина 34-годишник во сообраќајка на патот Виница – Берово

А1он

Тешка сообраќајка кај Кучевиште: еден загинат, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски