Тешка сообраќајна несреќа кај Свети Николе, едно лице загина

Од:

Едно лице загина рано изутрината во сообраќајна несреќа што се случила на патот Куманово-Свети Николе-Овче Поле.

Полицијата соопшти дека во несреќата што се случила околу 4:30 часот, животот го загубил Јордан М. (36) од Кочани, кој управувал автомобил „Алфа Ромео“ со словенечка национална ознака. Во сообраќајната несреќа учествувало и товарно моторно возило „ТАМ“ со кумановски таблички управувано од Д.А.(26) од Куманово.

Во незгодата на лице место починал Јордан М., а со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник С.Л.(26) исто така од Кочани, кој по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар во Штип е пренесен на лекување во Ургентниот центар во Скопје.

Лицето кое го управувало товарното возило и двајцата негови сопатници Б.Т.(27) и О.К.(27) од Куманово се здобиле со телесни повреди и се пренесени на лекување во Медицинскиот центар во Штип.

На местото на незгодата извршен е увид од екипа од Полициската станица во Свети Николе, истражен судија и јавен обвинител.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип