Тешка сообраќајна несреќа кај гостиварско Форино, едно лице загина

Од:

Жител гостиварското село Равен го загуби животот во сообраќајна несреќа која синоќа се случи на регионалниот пат Гостивар-Чегране.

Според првичните информации на полицијата, околу 20 часот во селото Форино патнички автомобил „шкода фелиција“ со гостиварски ознаки која ја управувал Л.Х. (57) се судрил со „БМВ“ со австриски ознаки што го управувал И.М. (18) од селото Чегране. Во несреќата, возачот Л. Х. задобил тешки телесни повреди од кои починал на самото место, а тројца сопатници во неговото возило телесни повреди и биле пренесени во гостиварската болница.

Причините и околностите кои довеле до несреќата ќе се утврдуваат по увидот што го прават јавен обвинител и екипа на ОВР Гостивар. Возачот на „БМВ-то“ е обезбеден, наведуваат од полицијата.

Ова е втора сообраќајна несреќа на гостиварското подрачје со трагичен епилог за време на викендот. Завчера попладне во близина на долнореканското село Скудриње во судар на две патнички возила едно лице почина, а две беа потешко повредени.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он