Тешка сообраќајка во Виница, повредени мотоциклист и неговиот сопатник

Од:

Вчера попладне во 13.15 часот било пријавено дека во Виница на крстосницата од улиците „Браќа Миладинови“ и „Плачковички одред“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „форд фиеста“ со винички регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот Р.Т. од село Градец-виничко, и мотоцикл „кавасаки“ со винички регистарски ознаки, управуван од 20-годишниот З.С. од Виница, соопшти МВР.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот И.П.(23) од Виница, констатирани Клиничката болница Штип, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

Би можело да ве интересира

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница