Тешка сообраќајка во скопската населба Аеродром

Од:

Тешка сообраќајка се случи вечерва на булеварот Јане Сандански во скопската населба Аеродром. Возило кое сообраќало со голема брзина во правец од Ново Лисиче кон железничката станица, удрило во автомобил кој бил паркиран точно пред слаткарницата „Палма“ и неколкуте кафулиња.

Како што опишуваат очевидци за А1 се се случило буквално како на филм. Возилото марка голф возело во десната коловозна лента на булеварот. Обидувајќи се да прејде во средната лента, буквално го потфатило паркираното возило во левиот агол, но поради големата брзина од силата на ударот паркираното возило се превртело на кров.

Иако паркирано во возилото имало патници. Голем број од луѓето кој седеле по кафулињата, веднаш истрчале, успеале да го превртат возилото од кое почнало да излегува силен чад и од него да ги извадат луѓето. Според првичните информации починати лица нема, а за сериозноста на поврдите не се знае. Возилото кое удрило по стотина метри успеало да застане. Увидот траеше до доцна во ноќта.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајка на патот село Караорман – Штип

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на регионалниот пат село Караорман – Штип

Петмина повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Струмичанец e тешко повреден во несреќа кај кавадаречкото село Марена

Горан Наумовски

Две лица повредени во сообраќајна несреќа на скопската обиколница

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево