Тешка сообраќајка во Куманово – една кола превртена, една заглави во оградата на Бедински мост

Од:

Тешка сообраќајна несреќа се случи доцна попладнево на улицата „11 Ноември“ на т.н. „Бедински мост“ во Куманово. Според првичните информации, во несреќата учествувале три возила.

Засега нема информации за повредени во тешкиот судир, по кој на мостот остана заглавен „Голф двојка“, а еден од автомобилите кои учествувале во сообраќајката стоеше превртен на покривот, на средината од улицата.

Од СВР Куманово вечерта соопштија дека во сообраќајката е повреден 18-годишниот С.И. од селото Опае, кој со повреди бил пренесен во ургентниот центар во градот. Тинејџерот бил предизвикувач и единствен учесник во сообраќајката – возејќи со голема брзина, тој ја загубил контролата врз својот „Опел Зефира“ и се забил во три паркирани автомобили, пред да заврши превртен на покривот, соопшти полицијата.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски