Тешка сообраќајка вo Гостивар, загина 72-годишен велосипедист

Од:

72-годишен жител на селото Чајле го загуби животот вчера во сообраќајна несреќа на раскрсница во Гостивар откако во него удрил камион. Човекот починал на местото на несреќата. Смрт констатирал лекар од Итанта медицинска помош.

– На 20.04.2023 во 15.25 часот било пријавено дека во Гостивар на раскрсница од ул.“Беличица“ со бул.“Гоце Делчев“ товарно моторно возило “ман“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.К.(56) од с.Беловиште, удрило во велосипед управуван од Т.Ј.(72) од с.Чајле. На местото на несреќата починал велосипедистот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар, се наведува во информацјата од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва