Тешка сообраќајка во близина на Виница, шестмина се повредени

Од:

Во полициската станица во Виница е пријавено дека на регионалниот пат Виница – село Смојмирово, во близина на место викано „Пекланска крстосница“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „сеат алтеа“ управувано од С.Р.(49) од село Црник и возило „сузуки гранд витара“ управувано од Л.А.(53) од Виница.

Во несреќата со тешки повреди се здобил возачот Л.А., а со телесни повреди се здобиле возачот С.Р. и неговите сопатници Ќ.У.(23), Ј.Г.(45) и двајца малолетници, сите од Црник.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

Би можело да ве интересира

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село