Тешка сообраќајка во близина на Тетово, повредени двајца малолетници

Од:

Вчера во 14.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат село Брвеница – село Челопек се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „БМВ“ управувано од С.Д.(28) од село Челопек, и мопед управуван од малолетник од село Милетино, општина Брвеница.

Во несреќата со тешки повреди се здобиле малолетникот, кој го управувал мопедот и неговиот малолетен сопатник од село Милетино, а констатирани во Клиничка болница Тетово, по што повредените биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

На местото на сообраќајката е извршен увид од надлежен Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Тепачка меѓу малолетници во Скопје заврши со пукање

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски