Тешка сообраќајка на патот Штип – Неготино, четворица повредени

Од:

Четири лица се повредени од кои едно потешко во собраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Штип – Неготино помеѓу патничко моторно возило „пежо 407“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот Б.Ш. од Штип и патничко возило кое го напуштило местото на настанот.

Како што соопшти МВР, сообраќајкната несреќа била пријавена во 20.00 часот, а повредените биле пренесени во штипската болница.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Ш., а со телесни повреди се здобиле сопатниците М.Ш.(42), М.М.К.(29) и уште една малолетна сопатничка, сите од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип, наведуваат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он