Тешка сообраќајка на патот Градско-Прилеп

Од:

Едно лице е тешко повредено при директен судир на патничко моторно возило и товарно моторно возило на патот Градско-Прилеп, кај Фариш, пред само неколку минути, потврдија од кавадаречката полиција.

Од засега непознати причини дошло до директен судир на товарно моторно возило со кавадаречки регистарски таблички и патничко моторно возило со прилепска регистрација.

Возачот на патничкото моторно возило е тешко повреден и префрлен во кавадаречката општа болница. Тој се наоѓа вон животна опасност. По овластување на јавен обвинител увид на лице место врши полициска екипа, информираат од полицијата. 

Би можело да ве интересира

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски