Тешка сообраќајка кај Штип, еден загинат и двајца повредени

Од:

Едно лице загина, а две се потешко повредени во несреќата која што се случила 20 минути по полноќ кај мостот на река Брегалница, во близина на регионалната дирекција на „Македонија пат“ во Штип.

Според првичните информации, до несреќата дошло при судир на џип марка „БМВ“, управуван од 21-годишниот О.П., државјанин на Турција и такси возило марка „фолксваген венто“, управувано од 46-годишен таксист, кој превезувал четири сопатници.

При судирот на самото место загинал такси-возачот, а останатите лица се здобиле со повреди.

Според началникот на Одделението за ортопедија при Клиничка болница во Штип Панче Пуздерлиски, тим на лекари веднаш извршиле преглед на четирите лица при што две се пуштени на домашно лекување, а останатите две лица поради потешките повреди се задржани на лекување.

Од СВР Штип велат дека во текот на денот ќе дадат подетални информации за тешката сообраќајна несреќа.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип