Тешка сообраќајка кај Кичево, малолетник од Струга се бори за живот

Од:

На магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на местото „Сливоски анови“, вчера во 9.30 часот се случила тешка сообраќајна несреќа. 27-годишниот Е.М. од селото Радолишта, струшко, управувајќи возило „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, удрил во сообраќајни знаци за обележување на автопатот во изградба, и излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.М. и неговите сопатници, 31-годишниот Р.Ф. од Струга и седумнаесетгодишник од Струга.

Тие се пренесени во болницата „Свети Еразмо“, каде Е.М. и Р.Ф. биле задржани на лекување, додека малолетникот, поради сериозноста на повредите опасни по живот, бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски