Тешка кражба во стан во Аеродром, причета штета од 5.000 евра

Од:

Тешка кражба била извршена пред два дена во стан во скопската населба Аеродром, при што крадецот се стекнал со имотна корист вредна околу 5.000 евра, соопшти во саботата МВР.

Кражбата се случила во четвртокот во периодот од 17,00 до 20,45 часот, на бул.„Јане Сандански“, кога  во станот сопственост на В.З. (63),  непознат сторител   со погоден алат делувал на бравата од  влезна врата од станот, влегол внатре и направил пребарување, при што одзел  златен накит, 60.000 , мобилен  телефон  и  женски рачен часовник марка „Кавали“,  со што се стекнал со противправна имотна корист во вкупна  вредност од околу 300.000 денари.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се  преземаат  мерки за пронаоѓање на сторителот.

Би можело да ве интересира

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје