Тешка кражба во Куманово

Од:

Златен и сребрен накит во вредност од 18.500 евра и уште 6.500 евра во разни апоени се украдени синоќа од приватна куќа во Куманово на улицата „Поток Серава“.

Како што соопшти полицијата, кражбата ја извршило засега се уште непознато лице кое во периодот од 20:30 до 22:18 часот насилно, преку тераса, влегло во куќата сопственост на А.А..

Сторителот го отворил прозорот од спалната соба, влегол внатре и по извршено пребарување одзел куфер во кој имало обетки, бисери, нараквици, ѓердани, прстени, часовник, сребрен накит, ланчиња,…, и го напуштил местото.

Се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби