Тешка кражба во базна станица на Македонски телеком во Тетовско

Од:

Непознати сторители во периодот од ноември 2017 до вчера извршиле тешка кражба во базната станица на „Македонски телеком“ над селото Седларево – Тетовско, соопшти МВР.

Вработен во фирма за одржување на базните станици на „Македонски телеком“ во полициското одделение Групчин вчера напладне пријавил дека во тој период непознати сторители извршиле тешка кражба.

Сторителите со употреба на сила го оштетиле контејнерот на базната станица и одзеле акумулатор и 150 литри нафта, со што се стекнале со противправна имотна корист од 15.000 денари и причиниле материјална штета од околу 25.000 денари.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски