А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Тешка кражба на банкомат на ТТК банка во Тетово

by А1он14/09/2013 - 18:25283
Share0

Нешто над 570 илјади денари или 9.500 евра одзеле засега непознати сторители по тешката кражба што ја извршиле на банкомат на ТТК банка сместен во продавницата на „Симпо“ на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според неговите информации, кражбата била извршена во засега неутврдено време изминатата ноќ при што крадците најпрвин ја пробиле заштитната метална решетка од задната страна на продавницата, по што исто така насилно ја отвориле вратата, се упатиле во помошната просторија каде се наоѓал банкоматот и насилно и него го отвориле во долниот дел каде имало пет метални каси од кои ги извадиле парите по што незабележани од никого избегале.

– При полицискиот увид биле пронајдени и подигнати определени траги за вештачење, а индикативно е што сторителите точно знаеле каде да ги бараат парите и како да стигнат до нив, рече Јосифовски кој потенцираше дека полицијата интезивно работи на утврдување на сите поединости и откривање на сторителите.

krazba

Би можело да ве интересира

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски05/06/2026 - 15:0405/06/2026 - 15:05

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски11/02/2026 - 20:2911/02/2026 - 20:29

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Горан Наумовски08/02/2026 - 16:57

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он08/01/2026 - 19:1608/01/2026 - 19:18

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски31/12/2025 - 09:3531/12/2025 - 09:35

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски22/12/2025 - 06:5322/12/2025 - 07:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто