Терористички акт е нападот во кој беше убиен Македонец, според авганистанските власти

Од:

Портпаролот на авганистанските власти денеска го оцени киднапирањето и убивањето на тројца странци, меѓу кои и македонски државјанин, во Кабул како терористички акт, најверојатно извршен од талибанци.

Исламистичките бунтовници се активни во некои делови на округот Мусахи, каде што беа пронајдени телата на вработени во француската фирма „Содексо”, соопшти портпаролот на началникот на полицијата во Кабул, Хашмат Станкезај.

Најновите податоци од полициската истрага во Кабул говорат дека тие биле обични работници во компанијата.

– Возачот на компанијата, кој ги превезувал за време на нападот, бил под истрага на авганистанската разузнавачка служба, рече Станкезај.

Канцеларијата потврди дека се води истрага, но не даде посебни детали.

Портпаролот на талибанците, Забиула Муџахид, негираше дека тие го извршиле нападот.

Во меѓувреме, „Содексо“ ја потврди смртта на тројца свои вработени во Кабул, Македонец, Индонезиец и Индиец.

Компанијата, која е со седиште во Франција, обезбедува услуги поврзани со храна и кетеринг. Не е јасно дали меѓу нејзините клиенти се странски војници во Авганистан.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати по земјотресот во Авганистан се искачи на над 2.000

А1он

Уште еден силен земјотрес во Авганистан

ВИДЕО: Страотни снимки ја покажуваат силата на земјотресот во Авганистан

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Стотици мртви во разорниот земјотрес во Авганистан, спасувачите бараат преживеани во урнатините

Катерина Ѓуровски

На Авганистанците им е забранета љубовна поезија и критика на власта

А1он

Шојгу: Талибанците ќе добијат помош од Русија, ситуацијата во Авганистан е тешка