Владата на денешната седница одлучила дека од петок, 26 јуни, се дозволува работата на теретаните и вежбалните.
Од овој петок, угостителите ќе може да примаат гости во внатрешните делови на нивните објекти, а ќе бидат отворени и границите и аеродромите.
„За сите овие одлуки до петок, 26 јуни 2020 година, кога започнува нивната важност, ќе бидат подготвени протоколи кои ќе бидат задолжителни за сите економски оператори и институции во чија надлежност се овие одлуки“, најавуваат од Владата.