Теренска вежба „Македонски Блесок-12“

Од:

Од денеска до 7 октомври 250 припадници на АРМ и претставници на армии од 21 држава членка  на НАТО и Партнерство за Мир учествуваат на теренска вежба „Македонски Блесок-12“. Вежбата се спроведува во центарот за поддршка на обуката „Пепелиште“ и армискиот полигон „Криволак“.

За време на вежбата на терените на „Криволак“ и „Пепелиште“, како што се наведува во соопштението на Генералштабот на АРМ, ќе се изврши НАТО оценување НИВО-1, согласно  концептот за оперативни способности на декларираната ренџерска чета од составот на Полкот за специјални операции (ПСО).

„Македонски Блесок-12“ е вежба која се изведува со единици на терен со употреба на артифиции и боева муниција, базирана на сценарио за операции за поддршка на мирот и операции за одговор на кризи предводени од НАТО и ЕУ, а под мандат на ООН. Со оваа вежба треба да се демонстрира интероператибилноста на декларираната единица од ПСО за употреба во НАТО/ЕУ предводени операции.

Директорот на вежбата, потполковник Бесник Емини на денешното отворање, нагласи дека професионализмот, исклучителната посветеност и врвната обученост се одлики на припадниците на АРМ. Беспрекорното извршување на поставените задачи  во различни напорни и сложени ситуации, на кои ќе бидат подложени учесниците за време на оценувањето, ќе претставува доказ за врвна подготвеност и оспособеност.

Вежбата воедно ќе биде и дел од триесет и вториот  „Курс за обучување на оценувачи во НАТО, според концептот за оперативни способности“.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он