Тепачка во Желино, повредено едно лице

Од:

Осумнаесетгодишно лице од Желино се здобило со тешки телесни повреди, а две лица од Палатица на возраст од 17 и 18 години биле задржани во полицијата по тепачка што вчера попладне  околу 18 часот се случила на улицата „Маршал Тито“ во Тетово во непосредна близина на Центарот за култура „Иљо Антевски-Смок“, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Во тепачката на која и претходела бурна вербална расправија, тешки телесни повреди задобил Е.Р.(18) од Желино, кој со возило на Брза помош бил пренесен во тетовската клиничка болница и по укажаната лекарска помош, итно е префрлен на скопските клиники.

Како учесници во тепачката посочени се две лица од Палатица, на возраст од 17  и 18 години, кои во присуство на нивните родители нешто подоцна биле приведени и во консултација со јавен обвинител биле задржани во СВР Тетово.

Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата